Сензационален трансфер или тактика во преговорите, Мурињо на Конте му ја краде целта број 1?!

by
2 минути читање

Челси подолго време
се обидува да го ангажира Ромелу Лукаку, а „Црвените Ѓаволи“ се во преговори со
Реал Мадрид за ангажман на Алваро Мората.

Но двете зделки
тапкаат во место и бележат спор прогрес, па голем број на весници и медиуми од
„Островото“ денеска говорат за сензационален трансфер во кој Мурињо на Конте ќе
му го украде Ромелу Лукаку.

Вејн Руни е на
чекор до враќање во Евертон, па клубот од Олд Трафорд сака да го искористи ова
и да му ги помати сметките на Челси.

Ромелу Лукаку е
на одмор со Пол Погба, двајцата се застапувани од ист агент, па фановите
веруваат дека Мино Рајола „крчка“ нов рекорден трансфер за Манчестер јунајтед.

Останува да се
види дали има вистина во ваквите стории или пак само се работи за тактика во
преговорите.

Некои стории дури
велат дека Жозе Мурињо ќе ги ангажира и Лукаку и Мората, потег кој веројатно ќе
придонесе и промена на тактиката во 3-5-2 со цел и двајцата голгетери да бидат
во стартниот состав.

Во меѓувреме,
Марка пишува дека „Црвените Ѓаволи“ ги делат само 5 милиони евра од Алваро
Мората и може да се очекува во следните часови двата клуба конечно да си
подадат рака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани