Сензационален пресврт, Манчестер јунајтед на Арсенал му го краде Ѓокереш?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Португалија пренесуваат дека Манчестер јунајтед испратип понуда до Спортинг за трансфер на Виктор Ѓокереш, клубот од Олд Трафорд се обидува со повеќа пари да го украде напаѓачот.

Минатиот викенд, Арсенал и Спортинг направија прогрес во преговорите за трансфер на Виктор Ѓокереш и се очекуваше оваа недела конечно да падне договор.

Но наместо да пристигне абер дека Швеѓанецот се сели во Северен Лондон, дојдоа информации дека преговорите помеѓу двата клуба повторно влегле во ќор сокак – утрово се појавија информации дека зделката е на прад да пропадне, а таткото на Виктор Ѓокереш во петокот дури заплакал поради тоа што работите не се одвиваат како што тие посакуваат.

Попладнево пристигнаа нови информации од Португалија кои говореа за сензационален пресврт, односно Манчестер јунајтед на маса ставил повеќе пари од Арсенал и се обидува да го украде Виктор Ѓокереш.

Но на „островото“ не веруваат многу во ваквите написи, новинарот Бен Џејкобс вели дека Манчестер јунајтед ниту доставил понуда, ниту пак планира да достави понуда.

Новинарот Фабрицио Романо пак пишува дека Виктор Ѓокереш сака само трансфер во Арсенал, па не го интересира ниту еден друг клуб – неговиот приоритет е трансфер на „Емирати“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×