Младиот Гонзало Гарсија блесна на турнирот во САД, постигна 4 гола на 5 натпревари и го привлече вниманието, се шпекулира дека дури 10 клубови од Шпанија, Италија и Англија пројавиле интерес за негов ангажман.
Чаби Алонсо му даде шанса на Гонзало Гарсија да го предводи нападот на Реал Мадрид на Светското клупско првенство, а младото момче на најдобар можен начин ја искористи укажаната прилика и постигна четири погодоци на пет натпревари.
Одредени информации велат дека Реал Мадрид дури и ја запрел потрагата по нов напаѓач поради блесокот на Гонзало Гарсија во САД, но во моментов никој не сака да потврди каква е иднината на напаѓачот.
Како што беше објавено во емисијата „Ел Чирингито“, тоа е така бидејќи Гонзало Гарсија веќе добил 10 понуди од Шпанија, Италија и Англија. Многу клубови сакаат да го ангажираат на позајмица, или пак во целост да го купат со тоа што Реал Мадрид ќе добие опција да го врати во своите редови.
Евентуално останување на Гонзало Гарсија на „Бернабеу“ ќе влијае и врз иднината на скапо платеното засилување Ендрик, па останува да се види каква одлука ќе донесат Чаби Алонсо и Реал Мадрид.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.