Сензација во Скопје: Охрид го исфрли Вардар од Купот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Охрид приредија сензација во Купот на Македонија, откако во четвртфиналето го исфрлија скопски Вардар по подобро изведување на пеналите 1-1 (2-4).

Охриѓани беа пред пораз и елиминација, бидејќи Бобан Николов донесе водство за вардарци по еден час игра (1-0). Сепак, во првата дополнителна минута Дамјан Матески погоди за израмнување на 1-1 и неговиот тим се избори за пенал-рулет.

Во пеналите голманите Давор Талески и Дамјан Серафимов фатија по еден пенал на стартот, а потоа следуваа пет гола. Сепак, голманот на Охрид го одбрани и лошиот удар на Данев, па Дарко Илиески изведе сигурен пенал за 2-4 и историско полуфинале.

Уште еден второлигаш исфрли прволигаш, бидејќи Шкендија Арачиново втора година во низа го исфрли Работнички од Купот (3-1). Дарио Десниќ го отвори резултатот на теренот во Куманово (1-0), а потоа Пејовиќ од таборот на скопјани доби црвен картон. Николче Шаркоски успеа да удвои, пред Демири да намали на 2-1. Сепак, точка на победата стави Назифи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×