Сензација во најава: Меси може да се врати во Европа, но би играл само со посебни услови!

by 24 фудбал
1 минути читање

Се отвора нова можност за враќање на Лионел Меси на европската сцена, откако се појавија информации дека Аргентинецот размислува за краткорочен ангажман пред настапот на Светското првенство што следи.

Според турските медиуми, интерес за Меси покажал Галатасарај, а преговорите наводно се одвивале околу специфичен четиримесечен договор. Планот би вклучувал ограничен број настапи, исклучиво на домашен терен во Истанбул, со цел да се избегне логистички хаос и безбедносни ризици при гостувањата.

Иако ваквиот ангажман би бил нетипичен, идејата е Меси да остане во натпреварувачки ритам, со оглед на тоа што сезоната во МЛС заврши, а аргентинската јавност стравува дека паузата би можела да влијае на неговата форма пред Мундијалот.

Засега станува збор само за шпекулации, но самата можност за ваков трансфер веќе предизвика големо внимание во фудбалската јавност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×