Голманот Ливаковиќ и напаѓачот Петковиќ се хероите на Хрватска на натпреварот против Бразил. Хрватите направија сензација, најголемиот фаворит за тронот си оди дома.
Натпреварот беше рамноправен во првото полувреме, а во вториот дел Бразилците тргнаа поконкретно кон голот на Ливаковиќ, но хрватскиот голман правеше чуда. Одбрани осум топки во регуларните 90 минути и не дозволи да се затресе неговата мрежа.
Немаше голови во регуларниот дел, па се играа продолженија.
Бразил конечно поведе во 106. минута кога Нејмар постигна гол за водство од 1-0. Одлична акција на Бразилците.
Се чинеше дека тие го направија главното, но Хрватска не мислеше дека е готово. Во 117. минута дуото на Динамо Загреб, Оршиќ – Петковиќ донесе израмнување. Оршиќ асистираше до Петковиќ кој реализираше за 1-1. Тоа беше резултатот по 120 минути игра.
Кога се во прашање пеналите, Хрватска е најдобра. Така беше и овојпат. Ливаковиќ го одбрани шутот на Родриго, а Маркињос ја погоди стативата. Бразилците погодија двапати од четири обиди и испаднаа, головите за нив ги дадоа Касемиро и Педро.
Хрватска реализираше четири од четири во пенал серијата, Влашиќ, Мајер, Модриќ и Оршиќ погодија.
Хрватска е првиот полуфиналист на Светското првенство, а таму ќе игра со победникот од дуелот меѓу Холандија и Аргентина.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.