Сениорите со децении чекаат титула, но младинците на Англија пак ја покорија Европа (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Младата репрезентација на Англија триумфираше на Европското првенство во Словачка, вечерва на продолженија со 3-2 триумфираше над Германија.

Сениорскиот тим на Англија чека на успех од далечната 1966 година, но затоа пак младинците се многу поуспешни.

На Европското првенство за играчи до 21 година, Англија вечерва ја совлада Германија во финалето и го одбрани трофејот од пред две години.

Натпреварот во Братислава почна одлично за „гордиот албион“, Елиот донесе 1-0 по само пет минути игра, а Хачинсон зголеми на 2-0 во 25. минута.

Сепак, Вајпер пред крајот на првиот дел намали на 2-1 и најави неизвесно второ полувреме.

Германија стигна до 2-2 по еден час игра, кога Небел го донесе мечот во егал.

Психолошката предност можеби беше на страната на младите „панцери“, но Англија стигна до 3-2 со голот на Роу на почетокот од продолжението, а потоа и среќата беше на страната на „гордиот албион“ за ново славје на континенталниот собир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×