427
Штипска Брегалница ги стартува подготовките за втората полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
Еден од кандидатите за промоција назад во елитата под водство на Трајче Сенев тргна во зимските припреми. Тренерот ги имаше на располагање речиси сите играчи на првата прозивка.
Брегалница преку својот веб-сајт најави дека во следниот период ќе ги објави новите засилувања за тимот.
По првата полусезона штипскиот клуб котира на втората позиција со пет бода помалку од Македонија Ѓорче Петров, но вистинската битка се очекува да ја има со екипите зад себе.