Сенегал се пожали до ФИФА: Тоа што го правеше Јапонија е фер-плеј?!

by
2 минути читање

Целта ги
оправдува средствата, така е понекогаш, но не и секогаш, во случајот со
Јапонија тоа излезе успешно за нив, завршија на второто место во групата „Х“,
па иако имаа ист број на бодови со Сенегал, како и иста гол-разлика, токму тие
патуваа во елиминационата фаза каде вчера во осминафиналето беа поразени од
силната Белгија со 3-2, иако имаа водство од 0-2.

Јапонија
прогресираше поради новото правило на ФИФА за фер-плеј, Сенегал имаше два жолти
картони повеќе од својот ривал од таа конкуренција, а од тамошната фудбалска
федерација упатија писмо до ФИФА, сметаат дека тоа правило околу фер-плејот
воопшто не е фер.

Како може ова да е фер? Јапонија десет минути си ја додаваше топката на својата половина, а оди во осминафинале поради ферплеј! (ВИДЕО)

Веруваме дека
Јапонија одбиваше да игра кога увиде дека Колумбија погоди против Сенегал,
одбивање да се игра на теренот е всушност против принципите на фудбалската
игра. Шокирани сме од тоа што нивниот селектор ги негира фактите. Во иднина,
ФИФА би требало да казнува поради таков начин на игра. ФИФА понуди систем но
дали фер-плеј правилото ги реши сите проблеми? Мора да постои начин за да се
казнуваат фудбалери, тренери или екипи за такво нешто“ 
стои во нивната реакција упатена до светската
фудбалска организација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани