Сенегал на терен го освои Африканскиот куп на нации, но синоќа им беше одземена титулата и дадена на Мароко кој се жалеше дека Сенегалците во еден момент го напуштија теренот.
Мароко кој во текот на првенството беше јасно фаворизиран од судиите, не успеа да го добие финалето регуларно, па поднесе жалба по хаотичниот натпревар.
Жалбата сега им е прифатена и тие се прогласени за шампиони. На Сенегал му е одземен трофејот.
„Сенегалската фудбалска федерација ја осудува неправедната, невидена и бесмислена одлука со која се поништува сенегалскиот фудбал. За да ги одбрани своите права и интереси на сенегалскиот фудбал, Федерацијата што е можно поскоро ќе покрене постапка пред Судот за спортска арбитража во Лозана. Фудбалската федерација на Сенегал ја потврдува својата непоколеблива посветеност на вредностите на интегритетот и спортската правда и ќе ја информира јавноста за сите случувања во врска со ова прашање“, пишува во соопштението на Сенегалците.