111
Сенегал имаше
водство од 1-0 на паузата од мечот против Полска со автоголот на Чионек во 37.
минута, а веќе во 60. минута од второто полувреме дојде и до 2-0, со погодокот
на Нианг.
Нианг најпрво се
пожали на повреда, беше испратен крај аут линијата, а во моментите кога
Криховјак ја упати топката назад, фудбалерот на Сенегал во истиот момент доби
зелено светло да се врати на теренот, по што на најдобар можен начин ја
искористи укажаната прилика, а ќе остане дилемата дали во вистински момент доби
дозвола да се врати на теренот.
Меѓутоа, тешко дека главниот арбитар на мечот Шукрала има вина во оваа ситуација, од причина што топката беше во посед на Полјаците.