52
Сенегал со еден гол го совлада Мали и се пласираше во полуфиналето од Африканскиот куп на нации.
Сенегал беше подобра екипа во двете полувремиња, а единствениот гол го постигна во 27. минута преку Илиман Ндиаје.
Дополнителен проблем за Мали беше и црвениот картон на Ивес Бисума, по што во второто полувреме создадоа само пет шанси, но не го загрозија посериозно голот на Едуард Менди.
Сенегал во полуфинале ќе игра против победникот од мечот меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска.