189
Антоан Семењо денеска ќе стави потпис на договор со Манчестер Сити, а вчера му донесе победа на Борнмут над Тотнем со гол во 95. минута.
Не можеше да има подобар начин од начинот на кој Семењо се збогува со фановите на Борнмут, но денеска веќе врти нов лист.
За денеска се закажни неговите медицински тестови во Сити, по кои ќе го потпише договорот.
Се работи за договор со трајност до јуни 2031 година.
Уште пред три дена Манчестер Сити и Борнмут си подадоа рака за овој трансфер.