Семењо му се погоди на Сити, ја добија првата битка со Њукасл! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити направи голем чекор кон финалето од Лига Купот откако со 2-0 славеше на Сент Џејмс Парк против Њукасл во првиот полуфинален меч.

Семењо и на вториот меч за Сити даде гол, по ФА Купот, сега погоди и во Лига Купот на Англија.

По осум минути игра во второто полувреме Семењо даде гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.

Десет минути подоцна тој даде уште еден погодок, но овојпат му беше поништен поради офсајд.

Во деветата минута од судиското продолжение Шерки погоди за победа на Манчестер Сити од 2-0.

Реваншот на Етихад се игра на 4 февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×