Антоан Семењо е пред трансфер во Манчестер Сити, но и покрај тоа офанзивниот фудбалер се очекува утре да настапи за Борнмут против Арсенал.
Антоан Семењо веројатно ќе биде „трансфер бомбата“ во Англија овој месец, само прашање на време е кога ќе биде комплетиран неговиот трансфер вреден 65 милиони фунти.
И се додека не се испеглаат сите детали, тој ќе продолжи да игра за Борнмут и утре за противник го има Арсенал, клубот кој во следните месеци ќе му биде главен ривал за титулата во Премиерлигата.
„Топчиите“ во моментов имаат плус четири во однос на „граѓаните“, па ако Антоан Семењо може да му направи услуга на Манчестер Сити уште пред да се пресели на „Етихад“.
„Да, Антоан ќе игра против Арсенал“ – вели тренерот на Борнмут, Андони Ираола.
„Во моментов ништо не е потпишано, па тој ќе игра“.