Ѕвездата на Борнмут, Антоин Семењо се чини дека го одигра последниот меч во овој клуб, а тој беше посебен, постигна гол длабоко во судиското продолжение за победа од 3-2 над Тотнем.
Се очекува во наредните денови да биде комплетиран неговиот трансфер во Манчестер Сити, па денешниот гол за Семењо беше специјален.
Мечот меѓу Борнмут и Тотнем беше 2-2 и се чинеше дека така и ќе заврши, но тогаш Семењо даде гол во 95. минута и неговиот тим победи со 3-2.
Неверојатен начин за збогум со клубот каде што доживеа вистинска промоција.