Очајниот старт на
новата сезона го натера Манчестер јунајтед да ги засука ракавите и сериозно да
размислува за своите активности во јануарскиот преоден рок, еден од фудбалерите
кои котира високо на листата на желби кај Премиерлигашот е Иван Ракитиќ.
Фудбалерот од
средниот ред на Барселона веќе не е во преден план кај Каталонците, а многу
екипи низ Европа сигурно посакуваат да го имаат во својот состав за да се
искористи неговото искуство и квалитет.
Како и да е,
според информациите кои ги објави „Дејли Мејл“, се вели дека Манчестер јунајтед
се соочил со негативен одговор во трката за потписот на Ракитиќ, а причина за
таквиот исход во преговорите се наведува дека е тоа што семејството на Хрватот
не сака да се пресели во Манчестер, и покрај тоа што станува збор за богата
понуда, се верува дека Ракитиќ преферира преселба во Париз или Милано.
Засега не е
познато дали ПСЖ или Интер ќе испратат понуда до Ракитиќ во зимскиот преоден
рок, меѓутоа, од досегашните шпекулации за неговата иднина, речиси е јасно дека
тој не сака да се пресели во Премиерлигата.