Нејмар ја
започнува петатта сезона во дресот на Барселона, и исто како и во минатото, од
време на време се појавуваат шпекулации за негово заминување.
Денеска на оваа
тема се огласи каталонскиот Спорт, кој е близок до раководството на Барса.
Весникот пишува дека луѓе блиски до Бразилецот се почесто и погласно го советуваат
играчот дека престојот во Барселона треба да биде привремен.
Дел од семејството му кажува на Нејмар дека мора да го напушти Камп Ноу
доколку сака поголем успех и признание на индивидуално поле.
„Покрај Меси
секогаш ќе бидеш втор, секогаш ќе бидеш во негова сенка” – е советот кој го добива
напаѓачот.
Нејмар по преселбата во Барса ги освои сите можни титули, му недостасува само
онаа најпрестижната на индивидулано поле, а тоа е „Златната Топка“.
Во 2015 заврши
како трет во изборот и покрај тоа што имаше трофеј од Примера, Лигата на
шампионите и Светското клупско првенство.
Со 25 години,
Нејмар е атрактивен за неколку клубови кои се спремни да платат преку 200
милиони евра и да ја активираат неговата откупна клаузула.
Бразилецот е дамнешна желба на ПСЖ, а како можна дестинација се и Манчестер
Сити, Манчестер јунајтед па дури и Реал Мадрид.
Кога минатата
недела беше запрашан за иднината, тој одговори: „Не знам што ќе се случи. Тука
сум среќен и адаптиран, но се е можно”.
„Би можел да
завршам во Манчестер јунајтед…. или пак Еибар”.