Селтик е потврден
како старо-нов првак во најсилниот фудбалски шампионат на Шкотска, со тоа што
овој клуб дојде до деветтата титула во низа во тоа првенство, а Хартс оди во
понизок ранг како последно пласирана екипа на табелата.
Одлуката беше
донесена денеска по состанокот на бордот на директори, откако 12 клубови
претходната седмица едногласно се согласија дека не е возможно актуелната
сезона да се комплетира.
За да се
дефинираат финалните позиции на табелата, користена е методата на просек на
бодови по натпревар, а единствената промена на табелата од суспензијата на
шкотскиот фудбал (13 март) до денеска се случи со тоа што Сент Џонстон го
прескокна Хиберниан и се искачи на шестото место.
Селтик имаше
предност од 13 бода во однос на својот лут ривал Глазгов Ренџерс, со тоа што одигра
меч повеќе од својот ривал, по што настана суспензија за фудбалот во таа земја,
а како и повеќето клубови од таа дивизија, составот на Неил Ленон имаше уште
осум меча до крајот на актуелната сезона.