Селтик му даде четири гола на Манчестер Сити, Халанд не може сам! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Селтик со 4-3 го победи Манчестер Сити во пријателски меч одигран во Капел Хил, Северна Каролина, американсите навивачи можеа да уживаат во мечот, но видоа само дел од ѕвездите на англискиот шампион.

Поради настапите на Европското првенство и Копа Америка, многу од играчите на Манчестер Сити не беа дел од овој натпревар. Но, во составот имаше ѕвезди како Халанд и Грилиш.

Селтик го искористи фактот што Сити е значително ослабен па тргна фуриозно уште од самиот старт. На одморот беше 3-1 за шкотскиот тим, Кун даде два гола, еден Фурухаши, погодокот за Сити го постигна талентираниот Боб.

Брзо во вториот дел Манчестер Сити постигна два гола преку Пероне и Халанд и успеа да изедначи на 3-3.

Во 68. минута Палма даде гол за Селтик и ја донесе победата од 4-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани