Селта го победи Лион среде Франција и го исфрли од Лига Европа! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Селта со 2-0 славеше на гостувањето кај Лион кој мечот го заврши со девет фудбалери, францускиот тим е елиминиран и покрај тоа што имаше добар резултат во првиот дуел.

Лион со 1-1 се врати од гостувањето кај Селта, но не успеа да го искористи домашниот терен и да победи.

Францускиот клуб влезе во проблеми во 19. минута кога Ниакате заработи црвен картон. Можеби тоа беше и клучниот момент на мечот.

Предноста од играч повеќе Селта ја искористи во 61. минута кога преку Руеда поведе со 1-0.

Во 92. минута Јутгла зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат.

А пред последниот судиски свиреж, Лион доби уште едно исклучување, овојпат Таљифико поради втор жолт картон.

Место во четвртфиналето обезбеди и Фрајбург кој со 5-1 славеше над Генк и со вкупни 5-2 се пласира понатаму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×