Селекторот на Шпанија за новиот скандал со Барса и Јамал: Никогаш не сум видел нешто вакво!

by bojan
1 минути читање

Луис де ла Фуенте вели дека е изненаден од потегот на Барселона и третманот кој го добил Ламин Јамал без притоа да биде известен лекарскиот тим на Шпанија.

Во пресрет на последните два натпревари од квалификациите за мундијалот во 2026 година, Шпанија и Барселона влегоа во нова војна околу Ламин Јамал.

Младиот напаѓач вчера се пријави во кампот на репрезентацијата, но утрово беше ослободен откако се испостави дека напаѓачот имал инвазивна радиофреквентна процедура за третман на болките во пределот на препоните.

Процедурата била извршена без претходна комуникација од Барселона, а лекарскиот извештај бил доставен дури во 22:40 часот вечерта.

Ламин Јамал треба да паузира помеѓу 7 и 10 дена, па нема да игра против Турција и Грузија, а селекторот Луис де ла Фуента вели дека никогаш не видел нешто вакво.

„Изненаден сум. Никогаш не сум доживеал нешто вакво и мислам дека ова не е нормално. Сите сме изненадени. Не знаеме ништо, не добивме никакви информации и потоа одеднаш некој ви соопштува работи…“ – вели Луис де ла Фуенте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×