Селекторот на Сенегал: Му се извинувам на фудбалот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на Сенегал, Папе Тиау, јавно ја презеде одговорноста по хаотичниот финиш на финалниот натпревар од Африканскиот Куп на нации против Мароко, кога во судиското надополнување накратко ги повлече своите фудбалери од теренот по досудениот пенал за противникот.

По завршувањето на натпреварот, Тиау се огласи со официјална изјава во која призна дека реакцијата била избрзана и резултат на емоциите во клучен момент од мечот, потенцирајќи дека Сенегал и покрај се останува верен на спортските вредности.

Се извинувам на фудбалот. Жалам што ги повикав играчите да го напуштат теренот. Откако размислив, ги вратив во игра. Понекогаш реагирате во жарот на моментот. Но, прифаќаме дека судијата направил грешка. Се извинувааме на фудбалот.“, изјави Тиау.

Драмата кулминираше во самата завршница на регуларниот дел, кога Мароко доби пенал за можност да ја освои титулата, но Брахим Диаз не успеа да погоди од белата точка. Натпреварот продолжи во дополнителни 30 минути, каде Сенегал го постигна решавачкиот погодок и стигна до триумф во финалето.

И покрај контроверзниот момент и тензијата на теренот, Сенегалците на крајот заслужено се радуваа на трофејот, додека реакцијата на селекторот Тиау предизвика бројни коментари во фудбалската јавност низ Африка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×