Селекторот на Мексико упати „отровна стрела“ кон Нејмар: Ова е машка игра, не треба да има глума

by
1 минути читање

Мексико доживеа
елиминација од Светското првенство во Русија, откако во осминафиналето загуби
од големиот фаворит за светската титула, Бразил со 2-0.

Мексиканците имаа
поголем посед на топката на мечот, но Кариоките доминираа во поглед на шансите
и ударите кон противничкиот гол, како и да е, селекторот на Мексико, Карлос
Осорио „удри“ по Нејмар.

Ѕвездата на
Бразил симулираше, а тоа воопшто не му се допаѓа на Осорио, тој смета дека тоа
е срам за фудбалот.

Нова фризура, стари навики… (ВИДЕО)

Ова е голем срам за луѓето што гледаат, сите деца ги гледаат овие фудбалски натпревари.
Не треба да има глума на теренот. Ова е голем срам за фудбалот, потрошивме
многу време од мечот поради еден фудбалер
“ истакна селекторот на Мексико.

Ова е машка
игра, се игра со интензитет, а не со глума
додаде Осорио, а воопшто не се штедеше и
на критиките до главниот арбитар од таа средба, Џанлука Роки, за кого смета
дека го фаворизирал Бразил.

Бразил беше
фаворизиран на мечот, премногу интервенции од судијата, за секој мал контакт
беше досудуван прекршок и беше прекинувана играта
“ заврши Осорио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани