Селекторот на Лихтенштајн доби нов договор пред мечот со Македонија

by riste
1 минути читање

Предводникот на Лихтенштајн, човекот кој е заслужен за добрата форма на оваа репрезентација, Конард Фунштук стави потпис на нов договор.

Во дуелот со Македонија, Лихтенштајн ќе влезе во добра форма, челниците на федерацијата се задоволни од селекторот Конрад Фунштук, па му дадоа нов договор.

Тој на чело на селекцијата на Лихтенштајн дојде во 2023 година, а денеска стави потпис на договор според кој ќе остане на кормилото до 2028 година.

„Имаме апсолутна доверба во Конрад и презадоволни сме што ја продолжуваме соработката. Ќе продолжиме по патот што заедно го избравме“, рече претседателот на фудбалската федерација, Хуго Квадерер.

На последните десет натпревари, Лихтенштајн има само пет порази, што за селекција како нив е голем успех. Одиграа нерешено со Летонија, Романија, двапати со Гибралтар, а го победија Хонг Конг.

Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра во сабота со почеток од 15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани