Селекторот на Исланд: Дојдовме да ви ја расипеме забавата

by
1 минути читање

Исланд на Романците им ја расипа забавата, а утре посакуваат истото да го направат и на Македонија.

Со победа ние ќе го завериме второто место и ќе се пласираме во бараж за Светското првенство, а Исланд нема некој резултатски императив, но спортски ќе се бори за своето знаме.

„Мило ми е што сум во оваа убава земја. Знам дека ова е многу значаен натпревар за вас. Ние секогаш сме мотивирани кога ќе излеземе на терен и сакаме да одиграме добро против репрезентација која играше на минатото Европско првенство. Ви посакувам се најдобро, но ние сме тука да ви ја расипеме забавата“, изјави селекторот Видарсон.

„Ние се обидуваме да создадеме нов тим од млади играчи и мора да одиграме максимално. Шансите се изедначени. Македонија има свои квалитети но и слабости кои ќе се обидеме да ги искористиме. Се надевам на позитивен резултат“.

Видарсон вели дека нема непријатели, има само пријатели и после мечот сака со нив да се напие пиво.

„Немам јас непријатели – само пријатели! И секогаш после меч сакам да се напијам пиво. Во Романија дадовме сѐ од себе, така ќе биде и тука во Скопје. Секогаш после меч е добро да се испие пиво со пријателите“.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра утре (недела) со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани