Селекторот на Данска загрижен пред мундијалската битка со Македонија: Ваква ситуација никогаш сме немале!

by Стефан
1 минути читање

Данската фудбалска репрезентација се соочува со сериозни кадровски проблеми мундијалскиот бараж против Македонија, пренесуваат скандинавските медиуми.

Селекторот Брајан Ример е принуден да прави значителни измени во тимот, особено поради повредата на првиот голман Каспер Шмајхел. Искусниот чувар на мрежата веќе еден месец не настапува за својот клуб Селтик, а поради здравствените проблеми нема да биде во можност да помогне ниту на претстојниот мартовски бараж.

Проблемите не завршуваат тука, бидејќи данската одбрана ќе претрпи големи промени. На последниот квалификациски натпревар против Фудбалска репрезентација на Шкотска, Данска настапи со Шмајхел на голот, додека во дефанзивната линија играа Расмус Нилсен Кристенсен, Јоаким Андерсен, Андреас Кристенсен и Патрик Доргу.

Сепак, дел од нив нема да бидат на располагање. Доргу и Кристенсен подолго време се надвор од терените поради повреди на клупско ниво, додека Андерсен и Нилсен Кристенсен ќе го пропуштат мечот на 26 март поради суспензии.

„Ќе мора да направиме промени. Искрено, не се сеќавам кога репрезентацијата се нашла во ваква ситуација – со нов голман и речиси целосно изменета одбранбена линија. Секако дека тоа може да има влијание врз нашата игра, но верувам дека тимот ќе успее да одговори на предизвикот“, изјави данскиот селектор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×