Селекторот на Бразил го расплака Нејмар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По рутинската победа на Бразил над Јапонија од 3-1, селекторот Тите заедно со Нејамр се појавија на прес конференција.

Стратегот почна да го брани играчот по големиот број на стории за тоа како Нејмар креирал проблеми во соблекувалната на ПСЖ. Силната порака која ја испрати Тите го натере Нејмар да се расплаче.

„Ако ми дозволите, би сакал да кажам нешто за Нејмар“ – рече Тите. „Работиме заедно една ипол година, нашиот тим е посилен со него и тој секогаш бил лојален.“

„Смачено ми е да слушам дека Тите имал проблеми со Нејмар бидејќи играчот имал големо его или пак поради влијанието на играчот во соблекувалната“.

„Никој не е перфектен, сите сме само луѓе и понекогаш знаеме да изреагираме на погрешен начин. Тоа ми се случило и на мене“.

„Треба да се земат во предвид многу работи, и треба да внимаваме да не генерализираме. Можам да кажам само дека Нејамр има одличен карактер и големо срце“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани