Селекторот на Англија објасни зошто нема да ја пее химната

by bojan
1 минути читање
Карсли

Селекторот на Англија, Ли Карсли е во фокусот пред дуелот со Ирска, стратегот дека нема да ја пее националната химна на „Трите лава“.  

Англија попладнево гостува кај Ирска во првиот официјален натпревар по 1991 година, а во фокусот е привремениот селектор на „Трите лава“, Ли Карсли.

Ли Карсли е роден во Бирмингем, но има ирско потекло и како фудбалер забележа 40 настапи за „момците во зелено“.

Стратегот ја разбранува јавноста со изјавата дека нема да ја пее националната химна на Англија, нешто што не го правеше ниту кога беше селектор на репрезентацијата до 21 година.

Тој сега појасни дека никогаш не ја пеел химната пред натпреварите и како фудбалер, па не планира сега да почне.

„Ова е нешто со кое се мачев уште кога играв за Ирска. Никогаш не сум ја пеел химната. Секогаш бев максимално фокусиран на натпреварот, на првата акција. Бев фокусиран само на фудбалот, и истото го правев и кога станав тренер“ – вели Ли Карсли.

„Химната се интонираше на натпреварите со репрезентацијата до 21 година, и јас тогаш влегував во мојата зона. Мислам на тоа што ќе направи противникот, како ќе се постави, како ќе почнеме ние“.

„Ги почитувам химните на двете земји, и разбирам колку тие им значат на двете земји. Имам огромна почит кон двете химни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани