Селекторот не направи големи промени во составот, ќе игра со фудбалерите со кои и ги започна квалификациите, единствен дебитант е Марко Ѓорѓиевски од Вождовац.
Македонија квалификациите ги почна со највисокиот триумф во историјата, го победивме составот на Фарските Острови со 7-1, сега следуваат дуели со Црна Гора и Казахстан.
„Играме против квалитетни репрезентации кои тоа го покажаа во досегашниот дел. Ќе решаваат нијанси и во двата меча. Сега целиот фокус ни е на првиот натпревар против Црна Гора. Нашата филозофија е иста, каде и да играме, дали дома или гости одиме на победа, без разлика дали е тоа против Шпанија или против Фарски Острови“, изјави селекторот Благоја Милевски.
На 10. октомври гостуваме на Црна Гора, а на 15. го пречекуваме Казахстан.
