„Селекторе, доста е!“

by riste
2 минути читање

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски го крена гласот против селекторот Благоја Милевски по ремито на гостувањето кај Фарски острови.

Фудбалската репрезентација на Македонија им приреди уште едно разочарување на фановите откако одигра 1-1 на гостувањето кај Фарски острови.

Овој неуспех не е инцидентен, напротив веќе врзавме седум натпревари без победа, последен пат на триумф сме се израдувале во октомври минатата година кога во пријателски меч ја совладавме Ерменија.

Еден од оние кои јавно го кренаа гласот за промени е напаѓачот на Пелистер, Мирко Ивановски кој има одиграно 27 натпревари за македонската репрезентација.

„Селекторе, доста е! Оди замини, дај си оставка, немој да не лажеш нас како сегашни, поранешни или идни фудбалери и репрезентативци дека сме на прав пат.
Кога дојде за селектор изјави дека играчите што не играат или немаат клубови нема да бидат повикани, а вчера после онаа изјава дека и тие што не играат и немаат клубови се во форма, треба веднаш да ти се земе лиценцата која сигурно ја имаш земено преку ред со ќебапи!
Дали денес се увери, односно дали виде со твои очи дека тие што не играат и немаат клуб и континуитет, едноставно не можат! (колку и да сакаат).
И како шлаг на торатата, капитенот на репрезентацијата да не ја пее химната односно да не ја знае (без разлика која националност е, не ме интересира, може да биде што сака)“,
напиша Мирко Ивановски на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани