Лестер утре го пречекува Атлетико Мадрид во реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите. По првиот меч шпанскиот тим има предност од 1-0.
На почетокот од двобојот помеѓу Атлетико Мадрид и Лестер, минимални шанси му се даваа на англискиот тим дека може до финалето. Но Шекспир потсетува дека обложувалниците направиле и многу поголеми грешки кога е неговиот тим во прашање.
„Тие грешеа и во минатото, па да се надеваме дека и овој пат ќе се случи тоа. Знаеме дека сме потценети поради историјата на Атлетико Мадрид, но тоа ни одговара. Знаеме што треба да направиме и се надеваме дека повторно ќе ги израдуваме навивачите“ – вели Шекспир.
„Нашите играчи треба да бидат паметни, да го одиграме договореното. Не можеме да се браниме 90 минути, потребно ни е да дадеме гол. Ќе треба да најдеме решение како да го направиме тоа“.
„Атлетико Мадрид победи со гол од пенал кои сите видоа дека не требаше да биде досуден, но ние не смееме да се опседнуваме со тоа. Треба да ја прифатиме одлуката и да се фокусираме само на утрешниот натпревар“.