Лестер е вториот
клуб од Премиерлигата кој се раздели со својот менаџер оваа сезона, откако
претходно Кристал Палас ја прекина соработката со Франк Де Бур.
Крег Шекспир го
снајде судбината на Клаудио Раниери, 53 годишниот стратег доби отказ по
серијата слаби резултати.
Откако минатата
сезона на привремена основа го превзеде кормилото на „Лисиците“ по заминувањето на Клаудио Раниери, Крег Шекспир
го препороди Лестер и го спаси од срамно испаѓање во втора лига.
Па, за добрите
резултати, летоска беше награден со три годишен договор, но сега по само четири
месеци доби отказ.
Лестер има само
една победа во Премиерлигата, онаа против Барнли во август, се наоаѓа во зоната
за испаѓање, па лидерите на клубот одлучија дека е време за промени.