Џиџо Донарума покажа дека е голем човек, и покрај тоа што доби копачка во лице и 10 конци, Италијанецот по крајот на натпреварот со насмевка го пречека Вилфред Синго и му порача дека се е во ред.
Џиџо Донарума предвреме го заврши синоќешното дерби помеѓу Монако и ПСЖ, голманот доби копачка во лице, и со крваво лице го напушти теренот.
Италијанецот можеби заработи 10 конци и нема по убаво да го памети гостувањето во малото кнежевство, но по крајот на натпреварот покажа дека е голем човек.
Во тунелот кон соблекувалните, Џиџо Донарума се сретна со Вилфред Синго, но немаше никакви замерки за десниот бек, го пречека со насмевка на лицето и му порача, „Се е во ред, само смирено“.
@donnarumma#ASMPSG I @Ligue1
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) December 19, 2024
pic.twitter.com/GqvrVYgmIB