„Сините“ отвориле преговори со Манчестер јунајтед за ангажман на Алехандро Гарначо и веруваат дека можат да го купат Аргентинецот за 30 милиони фунти, двојно помалку од цената на фудбалерот пред осум месеци.
Челси тргна по потписот на Алехандро Гарначо, новинарот Бен Џејкобс објави дека се отворени преговори со Манчестер јунајтед за трансфер на Аргентинецот.
„Сините“ знаат дека напаѓачот нема иднина на Олд Трафорд, но намерно калкулирале и доцна во трансфер пазарот тропнале на вратата на „ѓаволите“ за да падне цената на фудбалерот.
Тод Боли и неговите соработници сметаат дека 30 милиони фунти ќе бидат доволни за ангажман на Алехандро Гарначо, и покрај тоа што неговата цена пред само 8 месеци беше двојно повисока – Наполи во зимскиот преоден рок понуди 60 милиони фунти.
Во исто време, Челси сака да го продаде Николас Џексон на Њукасл и тоа за 80 милиони фунти, и покрај тоа што напаѓачот прикажа премалку во двете години на Стемфорд Бриџ.
Сакаат да го искористат фактот што Њукасл очајно бара нов голгетер и нема многу опции откако загуби неколку трансфер битки со ривалите.
Доколку на „сините“ им успее ваквиот план, ќе треба да им се честита за добро сработеното на трансфер пазарот.