670
Машки македонски клуб за прв пат доби жена тренер. Росоман денеска ја промовираше Драгана Костова за шеф на стручниот штаб.
„Драги наши поддржувачи и пријатели, од вчера официјално ШЕФ(ица) на стручниот штаб на ФК РОСОМАН 83 е Драгана Костова!
Со среќа Драгана, имаш поддршка од сите, а исто така имаш и искусни соработници во тренерската екипа од кои ќе научиш уште повеќе!“, стои во соопштението на Росоман.