Сејдини: Следната година ќе преговараме со Ангеловски за нов договор!

by
1 минути читање

Иако секаде во светот за продолжување на соработката се разговара додека трае актуелниот договор, од ФФМ ќе преговараат со Ангеловски откако ќе му истече договорот.

„Договорот на Ангеловски истекува на 31 декември. Пракса е да се разговара за продолжување откако ќе истече актуелниот договор, така што со него ќе разговараме после Нова Година“, изјави Сејдини во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител.

Ангеловски и раководството на ФФМ не беа во најдобри односи и тој сигурно ќе беше сменет доколку не се пласираше со Македонија на Европското првенство.

Сега ситуацијата е друга, голем е притисокот и од јавноста но и од потенцијалната реакција на фудбалерите кои сигурно би биле разочарани доколку Ангеловски не ги предводи на Европското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×