ФФМ не седна на преговори со Игор Ангеловски додека му траеше актуелниот договор, наспроти вообичаената праска во Европа, тие ќе преговараат со него откако ќе му истече договорот, по 31 декември.
Таквата неизвесна ситуација предизвикува се почести шпекулации за тоа кој ќе ја води Македонија на Европското првенство.
Во интервју за телевизијата „Алсат“, претседателот на ФФМ, Сејдини вели дека прво ќе се преговара со Ангеловски, а ако не успеат да се договорат на клупата би требало да седне селекторот на младинската репрезентација, Благоја Милевски, иако директно не го спомна неговото име.
„Првично ќе разговараме со Игор Ангеловски и потоа ќе одиме со други варијанти. Имаше шпекулации за Просинечки, ќе излезат и други шпекулации, но нека знае јавноста дека прво ќе разговараме со Игор Ангеловски, а доколку не се согласиме, тогаш ќе разговараме со други. Не сакам да шпекулирам, но јавноста знае кој ќе биде селектор ако не биде Ангеловски“, вели претседателот на ФФМ, Муамед Сејдинии.
Фото: ФФМ – Петр Стојановски