Шеиците ја стокмија формулата за Нејмар, Бразилецот со чек од 300 милиони евра сам ќе ја активира откупната клаузула

by
1 минути читање

Изминативе неколку дена, Нејмар е топ тема на медиумите, Бразилецот е на чекор до рекорден трансфер во Париз.

Сумите се огромни, ПСЖ би можел да ги прекрши правилата за Финансиски фер плеј, па се кројат различни планови како да се реализира трансферот.

Мундо Депортиво, повикувајќи се на извори од Бразил, пренесе дека Шеиците ја стокмиле формулата.

Нејмар следната недела ќе отпатува во Доха каде ќе стави потпис на договор со Катар Спортс Инвестмен и ќе стане заштитно лице на мундијалот во Катар во 2022.

За ова тој ќе добие 300 милиони евра, чек кој подоцна ќе го достави во канцелариите на Ла Лига и ќе ја активира клаузулата за откуп на договорот со Барселона.

Со оваа бројка ќе бидат подмирени 222 милиони евра кои ги бара Барса како и данокот кој произлегува од трансакцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани