Сега ќе нема за што да го критикуваат, Меси ја предводеше Аргентина до титула на Светско првенство! (ВИДЕО)

by
4 минути читање

Аргентина е нов
Светски шампион, Лео Меси во својата полна витрина со трофеи сега го има и
најголемиот, мундијалскиот.

Франција не успеа
да го одбрани тронот, двапати се враќаше во натпреварот, но на пеналите беше
немоќна. Аргентина го имаше Емилијано Мартинез кој одбрани еден пенал, и еден
беше промашен за светската круна.

Аргентина
доминираше на стартот од мечот, тргна офанзивно кон голот на Лорис. А во 21.
минута беше досуден пенал по старт на Дембеле врз Ди Марија. Меси погоди од
белата точка за водство на Аргентина од 1-0.

Аргентинците
продолжија да напаѓаат и тоа вроди со плод во 36. минута кога по една контра Ди
Марија даде гол за предност на Аргентинците од 2-0.

Франција не
играше ништо во најголемиот дел од мечот, се чинеше дека Аргентина лесно ќе
стигне до победата, но само еден момент вбризга енергија кај Французите.

Во 80. минута
Килијан Мбапе постигна гол од пенал и ја врати Франција во живот.

Само една минути
подоцна Мбапе повторо постигна гол и го изедначи резултатот на 2-2. Тоа беше и
конечниот исход по 90 минути игра, па се замина во продолженија.

По една акција во
109. минута, Меси постигна гол, не ја затресе мрежата на Лорис, но топката ја
мина гол линијата и Аргентина поведе со 3-2. Но тоа не беше се.

Во 118. минута
Франција доби уште еден пенал поради игра со рака. Мбапе постигна нов гол од
белата точка, негов хет-трик на ова финале за израмнување на 3-3.

Во 123. минута
Коло Муани имаше огромна шанса да го донесе трофејот за Франција, беше сам пред
Мартинез, но аргентинскиот голман го одбрани неговиот удар.

3-3 беше
резултатот по 120 минути борба, пеналите го решаваа Светскиот шампион.

Во пенал серијата
Кингсли Коман и Чуамени не реализираа, Мартинез му одбрани на Коман, а Чуомени
го промаши голот. Мбпае и Коло Муани реализираа за Французите.

За Аргентина
погодија сите четворица изведувачи, Меси, Дибала, Паредес и Монтиел по што
можеше да почне големото славје за најголемиот трофеј во светот, Светски
шампион!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани