Баер Леверкузен е пред ангажман на Џарел Кванса од Ливерпул во зделка вредна околу 40 милиони евра што ќе преставува рекорден трансфер на „фармацевтите“.
„Црвените“ ова лето ќе ја наполнат касата на Баер Леверкузен, веќе го го купија Џереми Фримпонг за 35 милиони евра, а наскоро ќе го комплетираат и трансферот на Флоријан Вирц од 137 милиони евра, со кој ќе го срушат рекордот на „островото“.
Но трансакциите помеѓу двата клуба нема да запрат тука, сега е редот на „фармацевтите“.
Неколку извори пренесуваат дека Баер Леверкузе е пред ангажман на младиот Џарел Кванса, кој треба да биде замена за искусниот Џонатан Та, кој се пресели во Баерн Минхен и остави празнина во одбраната.
Се говори дека „фармацевтите“ договориле зделка од 40 милиони евра, што ќе го срушат сопствениот рекорд и ќе го реализираат најголемиот трансфер во нивната историја.