Седум гола, пресврти… Баер Леверкузен во луд меч до три бода од дуелот со Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд одиграа фантастичен меч за сите големи љубители на фудбалот, а мини дербито во редовното коло од „Бундеслигата“ беше одбележано со дури седум погодоци, за конечни 4-3 во корист на домаќините.

Најпрво Воланд во 20. минута донесе почетно водство за домаќините, за две минути подоцна Хумелс да израмни на 1-1, а веќе во 33. минута Џан на своето деби за „Милионерите“ со еден фантастичен гол да донесе и пресврт за гостите.

Спектакурален гол на Џан во дресот на Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Меѓутоа, на две минути пред крајот на првото полувреме Воланд со својот втор гол израмни на 2-2 и навести уште поинтересно второ полувреме.

Во 65. минута Гереро повторно ги доведе гостите во водство, овој пат од 2-3, меѓутоа Баји со голот во 81. минута, како и погодокот на Бендер минута потоа донесоа три мошне вредни бода за Баер Леверкузен во трката за место во Лигата на шампионите за идната сезона.

За утре на програмата е воедно и вистинското дерби на колото, каде силите ќе ги одмерат првопласираниот Баерн Минхен и екипата веднаш под лидерот, Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×