Седница на Управен одбор: ФФМ добива своја арбитража

by 24 фудбал
1 минути читање

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени следните одлуки:

– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката со кое Собранието на ФФМ го овластува Управниот одбор да се извршат промени во системот на натпреварување во сите категории; 

– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за реформа на организациската структура на Фудбалската федерација на Македонија; 

– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за основање на трговско друштво на ФФМ со цел комерцијализација / физичка продажба на опрема и реквизити ФФМ / Фан-Шоп; 

– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за отпочнување на активности за формирање на арбитража на ФФМ

– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за членови за Комисија за избори и верификација, Надзорниот одбор, Комисија за жалби, Дисциплинска комисија, етички одбор и дисциплински инспектор; 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани