Седмицата ова коло се падна кај Аталанта (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во дербито на
Ломбардија, Аталанта настрада на Џузепе Меаца, најпријатното изененадување во
Серија А дома се враќа со седум гола во мрежата по дуелот со Интер.

Во одлично прво
полувреме, Мауро Икарди постигна идеален хет-трик и гол со десна, лева нога и
глава за само девет минути.

Потоа следуваа
два гола на Банега за убедливи 5-0 по 34 минути игра, а кон финишот на првиот
дел гостите постигнаа погодок преку Фројлер.

На стартот од
второто полувреме, Гаљардини го матираше својот поранешен клуб за 6-1, а во 68.
минута Банега го комплетираше својот хет-трик за конечни 7-1.

Наполи со 3-0
пред своите фанови славеше во дуелот со Кротоне, Удинезе со 1-3 победи на
гостувањето кај Пескара, а Киево на домашен терен со 4-0 го доби дуелот со
Емполи.

Фиорентина со гол
во завршните минути го совлада Каљари со 1-0.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани