Вардар брка
историја на реваншот во Данска, откако на домашен терен во Скопје обезбеди
минимален, но мошне значаен триумф од 1-0 над својот ривал.
Веќе се познати
почетните состави на обете екипи, она што нам не интересира е составот на
нашиот шампион, стратегот од клупата на Вардар, Гоце Седлоски се реши за една
промена, и тоа на местото на Дејан Блажевски, од првата минута на реваншот во
Данска ќе стартува Дамир Којашевиќ.
Блажевски
создаваше доста проблеми за дефанзивците на Копенхаген на првиот меч во Скопје
по левата крилна офанзивна страна, токму Црногорецот беше неговата замена во
60. минута на првата пресметка, пет минути подоцна Балотели го постигна голот
за победа на „црвено-црните“.
Вардар: Гачевски, Грнчаров, Спировски, Којашевиќ, Барсегјан, Хамбарѕумјан, Николов,
Новак, Демири, Фелипе и Балотели.
Исто како и на
претходните натпревари, против Копенхаген, односно Малме во второто
квалификациско коло, Седлоски не отстапува од формацијата 4-2-3-1, голови во
мрежата на противникот и овој пат најмногу ќе се очекуваат од Балотели.
Евентуален успех
на македонскиот првак во двомечот со данскиот противник ќе значи историски
подвиг, најмногу поради фактот што со пласманот во плејоф рундата од
квалификациите за Лигата на шампионите, по автоматизам обезбедува директно
учество во групите од Лига Европа, при евентуална елиминација во плејофот.
Мечот кој се игра
на „Телиа Паркен“ арената во Копенхаген, стартува со почеток од 20,00 часот.
Извор:
uefa.com
Фото-вест:
24fudbal.com.mk