Седлоски со една промена во однос на првиот меч, познати се почетните состави за Вардар – Малме (ФОТО)

by
1 минути читање

Откако по првиот
меч на терен кај шведскиот првак, нашиот претставник одигра реми со резултат
1-1, на реванш мечот кој е предвиден да се одигра во Струмица на стадионот „Младост“
има изгледна прилика за прогрес во следната рунда квалификации за Лигата на
шампионите.

Веќе се познати
почетните состави за денешната пресметка, стратегот од клупата на македонскиот
шампион, Гоце Седлоски се реши за една промена во почетниот состав, па така
наместо 20 годишниот Бесир Исени, кој игра во средниот ред, од првата минута ќе
почне искусниот Никола Глигоров, кој влезе на местото на истиот фудбалер уште
во првата минута од второто полувреме на првиот меч во Малме.

Извор: uefa.com

Почетниот состав
на Вардар
: Гачевски,
Грнчаров, Спировски, Барсегјан, Глигоров, Хамбарѕумјан, Николов, Новак, Демири,
Фелипе и Балотели.

Вреди да се
издвои дека поради повреда, младиот репрезентативец Дарко Велковски е вон
комбинација за реванш средбата, исто како и на првиот меч. Вон комбинација за
настап во Струмица е истовремено и крилниот офанзивец од Грузија, Џигаури.

Реванш средбата
се игра во терминот од 18 часот, победникот од овој двомеч ќе се сретне против
подобриот од двомечот помеѓу Жилина и Копенхаген.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани