Седлоски: Сакаме да го нападнеме трофејот во Купот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар ги започнаа тренинзите и се подготвуваат за втората полусезона во ПМФЛ.

Пред црвено-црните е јасна цел, а тоа е опстанок во елитата. Сепак, според зборовите на тренерот Гоце Седлоски, една од целите е и напад на трофејот во Купот на Македонија.

Сакаме да го нападнеме трофејот во Купот на Македонија. Секој меч ќе ни биде како финале, а играчите го знаат тоа. Се засиливме оваа зима, ние си ја гледаме својата работа. Мора да докажеме дека не сме за позицијата на која се наоѓаме на табелата.

Сега ни требаат уште двајца-тројца во тимот за да бидеме комплетни. Екипата е подмладена, а на стартот на полусезоната играме со фаворити. Можеби подобро така, да играме прво против фаворитите. Наша цел е Вардар да се крене горе. Си ги знаеме целите и фокусирани сме само на самите себе“, изјави Седлоски.

На стартот на пролетниот дел Вардар игра дерби против Шкендија во Скопје, додека во Купот ќе биде домаќин на Силекс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани