Македонскиот
шампион обезбеди минимален, но мошне значаен триумф против дански Копенхаген во
првиот дуел помеѓу овие две екипи во третото квалификациско коло за пласман во
групната фаза од Лигата на шампионите.
„Честитки до
моите фудбалери, честитки до публиката која денеска беше наш 12 играч, мислам
дека победата е сосема заслужена, тоа што го барав од моите фудбалери, истото
беше обработено, имавме три-четири шанси, но на крајот противникот можеше да не
казни со една шанса која ја створи во текот на целиот меч. Не треба да летаме,
одиме со кренати глави на реваншот“ изјави стратегот од клупата на македонскиот
првак на прес-конференцијата.
Седслоски додаде
дека не смее да има опуштање во тимот, претстои реванш во Данска, уште 90
минути, кои ќе бидат тешки, но тој се надева на прогрес во плеј-оф рундата од
квалификациите за Лигата на Шампионите.