Седлоски: Моите момци се подготвени за предизвикот, очекувам двомечот да биде решен во Струмица

by
2 минути читање

Вардарци утре го
играат првиот меч со шведскиот првак Малме во квалификациите за Лигата на
Шампионите, шефот на стручниот штаб на нашиот претставник, Гоце Седлоски пред
новинарите во Шведска ги кажа своите очекувања.

Дојдовме тука да направиме добар резултат. Знаеме дека
играме против екипа која е добра која секоја година игра во групната фаза од
Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Моите момци се подготвени да го дадат
максимумот, да излезат утре, и се надевам со една наша игра на овој прв меч кој
следува, ќе оствариме добар резултат
“, истакна Седлоски на денешната пресконференција.

Знаеме
дека стадионот ќе биде полн. Но, ние во своите редови имаме репрезентативци кои
што имаат играно натпревари со многу публика, и очекувам сите да дадат се од
себе за да оствариме добар резултат. Последните две години бевме блиску да го
минеме тоа 2. квалификациско коло, но не успеавме. Еве шанса во третата година
по ред во оваа фаза, конечно, да се пласираме понатаму. Го респектираме
противникот, но шансите постојат и тие шанси кои ќе се укажат ќе мора да ги
искористиме и да одиме понатаму. Ова е прв натпревар, и очекувам овој двомеч да
биде решен на реваншот во Струмица
“, додаде Седлоски. 

На прашање на
новинарите за тоа што очекува од противникот, Седлоски
истакна дека Малме негувал колективна игра и офанзивен фудбал, тоа му носи на
Вардар обврска да парира мошне добро на теренот.

Првиот дуел
помеѓу овие две екипи се игра утре во терминот од 19 часот на „Сведбанк Арената“,
реванш средбата е предвидена да се одигра наредниот вторник на стадионот „Младост“
во Струмица.

Главен делител на
правдата на дуелот во Малме ќе биде Исланѓанецот Творвалдур Арнасон.

 

Извор/Фото:
fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани