Седлоски: Ќе се трудиме да наметнеме игра, да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската репрезентација ги доби противниците за настапот во најновото издание од Лигата на нации. Нашата селекција е дебитант во Б конкуренцијата, а предводникот на националниот тим Гоце Седлоски со респект кон репрезентациите со кои ќе се соочиме, но и верба во своите избраници кои можат да докажат дека Македонија сосема заслужено се наоѓа меѓу нив.

Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува.

Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.

Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот. Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот”, изјави Седлоски.

Лигата на нациите стартува на крајот на септември, кога во споениот репрезентативен прозорец ќе се одиграат четири кола во неполни две седмици, додека крајот е закажан за средината на ноември.

УЕФА во следните денови ќе објави и официјален распоред на натпреварите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×